Отворен Бизнис-центарот за прекугранични иницијативи

Bez autora
Dec 26 2011

Во Штип е отворен и работи Бизнис-центарот за прекугранични иницијативи, како дел од проектот Прекугранично бизнис-вмрежување за одржлив раст", финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Центарот нуди услуги од областа на информирање на целните групи, мапирање на економските субјекти во прекуграничниот регион и информирање за локалните бизнис-настани, благовремено информирање за измените во правните, финансиските и царинските области, обезбедување информации за тековните демографски и географски податоци и поврзување на правните субјекти од прекуграничниот регион со цел воспоставување на заедничка соработка. Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на источниот плански регион, изрази уверување дека отворањето на Бизнис-центарот и можностите што ги нуди, ќе донесе развој на компаниите во прекуграничниот регион и ќе доведе до привлекување нови инвестиции.

Отворен Бизнис-центарот за прекугранични иницијативиВо Штип е отворен и работи Бизнис-центарот за прекугранични иницијативи, како дел од проектот Прекугранично бизнис-вмрежување за одржлив раст", финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија.

Центарот нуди услуги од областа на информирање на целните групи, мапирање на економските субјекти во прекуграничниот регион и информирање за локалните бизнис-настани, благовремено информирање за измените во правните, финансиските и царинските области, обезбедување информации за тековните демографски и географски податоци и поврзување на правните субјекти од прекуграничниот регион со цел воспоставување на заедничка соработка.

Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на источниот плански регион, изрази уверување дека отворањето на Бизнис-центарот и можностите што ги нуди, ќе донесе развој на компаниите во прекуграничниот регион и ќе доведе до привлекување нови инвестиции.

- Веруваме дека новоотворениот Бизнис-центар е од голема корист за локалните компании и ќе биде сигурен партнер за соработка помеѓу институциите кои нудат поддршка на бизнис-секторот - рече Здравева.

Бизнис-центарот за прекугранични иницијативи ќе дејствува на територијата на источниот плански регион, во Македонија и во областа Благоевград, Бугарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik